1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

За нас

Медтартуф се произведува на планината Кожуф од страна на фамилиите Костови и Андеви а научните испитувања и анализи ги следи Др.Петрески. Единствена цел ни е е да се создаде природен производ кој ќе создаде здрави поколенија. Она во што силно веруваме е поврзаноста на природата и медицината кога станува збор за зачувување на совршениот баланс на човечкиот организам. Медтартуф е првиот од низата производи кои се резултат на нашата идеја. Благодет од природата кој е докажан и верификуван од науката.

Се создава во услови на чиста енергија со многу љубов. Пчелните семејства се сместени во пазувите на библиската планина Кожуф во селото Серменин, 20 км. оддалечени од најблиската урбана средина. Во тој одреден простор и посебна хармонија на чиста енергија пчелите го создаваат чудесниот МЕДТАРТУФ. Произведен и изваден од местото каде се наоѓа и егзистира моќен басен на скапи природни ресурси, МЕДТАТУФ ја носи во себе енергијата на универзалната сила која им помага на сите оние на кои што таа сила им е најпотребна.

Целиот процес од собирање на медот до моментот на негово пакување се одвива во строго контролирани услови. Секундарното производство се наоѓа во Скопје каде се пакува финалниот производ. Потврда за квалитетот се сертификатите за органско производство и HACCAP.

Зошто МЕДТАРТУФ?

МЕДТАРТУФ е есенцијална храна (превентива) која што со научни аргументи ја препорачува современата медицина.

Истражувања

Иновативната природа на медтартуф ни наложува постојано да вршиме анализи и да ги испитуваме неговите можности.

Контактирајте не

ул. 518, бр. 1/2, П.Ф. 30
1000 Скопје, Македонија
телефон: +389 2 3119 613
[email protected]

МЕДТАРТУФ

Видео

МЕДТАРТУФ . HONEYTRUFFLE

Брошура

Брошура

Сертификати/Награди

sertifikati